Мегафон

15. то издание на МакеДокс: „Копање емоции низ времето“

15. то издание на МакеДокс: „Копање емоции низ времето“

Од 15 до 22 авугст во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и Лабораториум, ќе се одржи 15 тото издание на фестивалот „МакеДокс“ под мотото „Копање емоции низ времето.“

„Годинава „МакеДокс“ слави 15 години! Не случајно јубилејното издание им го посветуваме токму на архивите, на тоа скапоцено наследство што нè претвора во времепловци како ретко што друго. Толку е скапоцено што доволно е да отвориме очи за да се наежиме, да начулиме уши за да засолзиме или, пак, да ги брцнеме прстите за да посакаме од него да создадеме нешто ново. Да пресоздадеме сеќавања, да раскажеме поинаку – за да разбереме подобро. Но и за да се разбереме самите, без страв дека најверојатно ќе нè заплисне носталгијата, толку сложена, ама и лековита и подготвени да нè обземат надежта и поривот за промена. Архивата е темелот, но без емоции никаде нема да стигнеме. Обете во себе чуваат неисцрпен креативен потенцијал, а какви приказни ќе посакаме да раскажеме зависи единствено од нас. Но, барем сега знаеме каде треба да копаме ако сакаме будно да живееме додека сме тука, за да почувствуваме длабоко и за да оставиме нешто вредно – и за нас самите, и за тие по нас. Повелете пред филмското платно – заедно да го прославиме јубилејот, да патуваме низ времето и да копаме емоции, велат од Македокс.

Петнаесеттото издание на МакеДокс е поддржано од Агенција за филм на РСМ, Програмата МЕДИА на Креативна Европа, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Министерството за култура на РСМ, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Амбасада на Кралството Холандија, Амбасада на Франција, Француски институт, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен центар во Софија, Грчки филмски центар, Гете институт, Вардар филм, Младинскиот културен центар, Музеј на Македонија, Археолошки музеј, Факултетот за ликовни уметности, такси Глобал, Лабораториум.

Дизајнот на овогодинешниот постер е на Игор Делов.

To top