Зорица Марковиќ пред медиумите истакна дека редовно се слуша со Сузана Јовановиќ која сега и кажала дека на Саша му се менуваат терапии по потреба, а тој се бори што побрзо да оздрави.
Креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, извесно време отсуствува од снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ поради здравствени проблеми.
Пејачката Зорица Марковиќ сега за медиумите откри како се чувствува Поповиќ во моментов.
Имено, таа тврди дека Саша сега е на терапии кои се менувале во зависност од препораката на лекарот, како и дека често е во врска со сопругата Сузана Јовановиќ.
– Често им се јавувам, прашувам одвреме-навреме, но не сакам да давам. Саша оди на терапија, тера , што ќе прави… Се менуваат по потреба. Се надевам дека се ќе биде добро и дека се ќе протурка, силен е, толку – изјави Зорица за „Блиц“.
фото: printscreen/YouTube