Зимница во тегла, која е подготвена за консумирање веќе седум дена по подготовката. Киселите пиперки без конзерванси ќе бидат вистинско уживање во зимските денови.
Проверете го овој едноставен рецепт.
Еве кои состојки ќе ви бидат потребни за да го подготвите ова зимско јадење:
3 килограми пиперка
Ловоров лист
Зрна бибер
Течност за пиперките:
3 литри вода
7 лажици сол
4 лажици шеќер
150 милилитри оцет (алкохолен оцет 9%)
75 милилитри масло
Подготовка на пиперки во тегла:
Измијте ја пиперката, подгответе ги другите состојки.
Во поголем сад истурете 7 лажици сол, 4 лажици шеќер, 150 милилитри оцет и 75 милилитри масло. Потоа додадете три литри вода.
Оставете ја смесата да зоврие, а во меѓувреме исчистете ја пиперката од семките.
Ставете ги исчистените пиперки две минути во топла вода со останатите состојки. Извадете ги од течноста.
Стерилизирајте ги теглите, па наредете ги пиперките. Кога ќе ги наредите сите пиперки, додадете ги ловоровиот лист и биберот.
Сега истурете ја течноста што сте ја подготвиле до врвот на теглата.
Нежно затворете ги теглите и тие одат на пастеризација како што е прикажано на видеото.
фото: YouTube/ Moj Kutak