Радио Милева кариера и планови

„Животот се менува кога ќе остариш“: Здравко Чолиќ откри за што се кае (фото)

„Животот се менува кога ќе остариш“: Здравко Чолиќ откри за што се кае (фото)

Најголемата машка ѕвезда Здравко Чолиќ  настапи во Црна Гора и со медиумите зборуваше за својата кариера и планови.

Како и секогаш, Чолиќ ги засени сите со својот елегантен стајлинг, а како што самиот признава порано трошел многу повеќе пари на гардеробата.

– Не се стилизирав. Ова е евтин костум „Бос“, обичен костум. Тие времиња поминаа, јас одев во Англија и таму пазарев. Важно беше да имаш скроено одело на сцената и да изгледа сценски. Сè се менува како што човекот старее, животот се менува, но се надевам позитивно. Во однос на некоја зрелост, дружење, но и кариера – искрено изјави пејачот и откри за што жали.

– Жал ми е што ретко издавам ЦД-а. Не знам дали тоа е поради соработниците, продуцентите… Иако и јас самиот пишувам песни последниве години. Порано правевме рекорди за три месеци, а сега се е побавно. Жал ми е поради тоа. Би сакал да излезат уште нови песни. Има песни кои помладата публика повторно ги открива. Во 90 проценти од случаите песните звучат подобро во живо отколку на касета. 

фото: print Screen/ Instagram/zdravko.colic.fan.page

 

To top