Манекенката Данијела Димитровска сподели серија фотографии од теретана, каде позира со избраникот Џеврем Косниќ.
Не е тајна дека Данијела Димитровска се грижи за својот физички изглед, односно дека многу време поминува во теретана.
Така, водителката преку социјалната мрежа Инстаграм сподели слики и видеа со својот избраник Џеврем Косниќ и покажа како тренираат заедно.
Поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ во таа прилика облекла бел спортски топ и црни велосипедски шорцеви, а нејзиното извајано тело не останало незабележано.
– Некои работи никогаш не се планираат, едноставно се случуваат. Никогаш не побегнав од брак. Кога има љубов, тогаш бракот е логична последица – рече Данијела, па додаде:
– Љубовта е нешто што секогаш ме движеше во мојот живот. Тоа е првата станица од која почнува сè.
фото: printscreen/instagram