Џина Џиновиќ, ќерката на Харис и Мелина, има многу следбеници на Инстаграм со кои го споделува својот екстравагантен начин на живот.
Последниве месеци има интерес за неа, поточно нејзиниот љубовен живот кој вешто го крие и со следбениците го споделува само тоа што сака.
Бидејќи добар дел од летото го поминала надвор од Србија, објавуваше луксузни куриозитети од патувањето, а место имаше и за нејзиното момче.
Таа не се раздели од него и веќе некое време уживаат во врска. Меѓутоа, за разлика од првата љубов, Џина вешто го крие овој избраник од јавноста, а ретко имаме можност да го видиме на нејзините социјални мрежи.
Но, Џина сепак сподели некои романтични фотографии, но лицето го покри со емотикони или се сликаше за да не се види лицето на нејзиниот избраник.
Овој пат таа сподели фотографии од теретана каде се гледаат како тие двајца вежбаат заедно, а изгледа дека и момчето на Џина ја сака теретаната исто како и таа.
фото: printscreen/instagram/djinadzinovic