Српската пејачка Тијана Милентијевиќ летово го минува комбинирано. малку работно, малку приватно или што би рекле, спојува убаво со корисно. Најмногу од бројните настапи и се на море, на Јадранот, поточно на Црногорското крајбрежје.

Будва е особено позната по ноќниот живот, лудата забава и клубовите во кои пејат поп – фолк ѕвездите. Тијана не беше исклучок, па така и таа го збогати ноќниот живот со својот репертоар во амбиент по кој доби илјада и еден комплимент. И за настапот и за изгледот. Особено впечатлив имиџот на пејачката и она што лежи во светкавиот диско градник, ама не помина и без пофалби во кожна комбинација влезениот, голем овален задник.

Впрочем, за „Жена од султана“ како што е прекарот на Тијана, оддамна е познато дека е „подвижна еротика“. Пејачката е толку надарена што погледите најчесто застануваат само на едно место – погоре однапред, подолу одзади… Во зависност дали ви „бодат очи“ големата овална задница или гигантските гради.

Впрочем и кога е на суво и кога е во вода, погледот на неа е жива згода, која ќе ви го освежи денот…

Било да е качена на мото скутер или да ужива во базенот.

Конечно, и кога со неа ќе ви се сретнат случајно погледите некаде на плажата, во кафе ресторанот, тешко дека пејачката ќе можете да ја гледате во очи… Не зашто и се урокливи, туку затоа што погледот ќе ви се лепи за некои други атрибути, што се многу „поскокотливи“!
Фото и видео: Инстаграм/tijanamilentijevic.official





