Радио Милева Трагедија

Загина ќерката на фронтменот на „Пекиншка патка“, имаше само 25 години (фото)

Загина ќерката на фронтменот на „Пекиншка патка“, имаше само 25 години (фото)

Анѓелина Чонкиќ (25), ќерка на Небојша Чонкиќ, поранешен фронтмен на познатиот новосадски панк бенд „Пекиншка патка“, загина во сообраќајна несреќа во Торонто, Канада.

-Анѓелина во наредните денови ќе биде погребана на Градските гробишта во Нови Сад каде нејзиното тело ќе биде пренесено од Канада, соопшти неутешното семејство.

-Со неподнослива болка ве известуваме дека нашата мила ќерка Нина (Анѓелина) загина во сообраќајна несреќа на 6-ти октомври во Торонто. Сега е меѓу ангелите, како што кажува нејзиното име, пишува во некрологот под кој се потпишале ожалостените, мајката Мирјана, таткото Небојша, братот Момчило, вујкото Борислав и тетката Јелена со децата Милица и Милан.


Небојша Чонкиќ – Чонта е роден во Нови Сад во 1953 година и беше еден од најважните автори и креатори на новиот музички бран во Југославија на почетокот на 1980-тите, како водач на групата „Пекиншка патка“.

По двата објавени албуми кои влегоа во антологијата на српскиот и балканскиот рокенрол, групата престана да работи и Чонкиќ ја продолжи својата академска кариера, работејќи како професор во Електротехничкиот училишен центар во Нови Сад.

Чонта со семејството живее во Канада од 1994 година, а на овие простори се прослави како член на групата „Пекиншка патка“, која стекна голема популарност во стара Југославија.

Фото: YouTube/ Nebojša Čonkić Čonta

To top