Радио Милева

Забот на времето го стаса актерот Морган Фримен: Ќе го препозанете само по погледот

Забот на времето го стаса актерот Морган Фримен: Ќе го препозанете само по погледот

Актерот Морган Фримен (85) ги изненади своите обожаватели откако се појави потполно ќелав на доделувањето на Оскарите, заедно со неговата пријателка, актерката Маргот Роби (32).

Покрај ќелавата глава, за гледачите нови беа и неговите сиви мустаќи и сребрените обетки.

Сепак, сите забележаа дека на левата рака носеше црна сатенска ракавица.

Ракавицата ја носеше и на отворањето на Светското фудбалско првенство во Катар на 20 ноември, кога одржа говор.

Но, ова не беше само дел од неговиот аутфит, туку постои посебна причина заради која тој мора да носи ваков моден додаток.

Ракавицата е задолжителен дел од неговиот аутфит во последните 15 години.

Тој во 2008-ма година имал сообраќајна несреќа и се здобил со тешки повреди заради што постојано мора да носи компресивна ракавица, којашто му овозможува нормална циркулација на крвта во левата рака.

фото: Kevin Winter/Getty Images/Instagram

To top