Поранешната македонска кошаркарка и сегашен фитнес инструктор, Едина Муса, ја изненади јавноста откако неодамна јавно откри дека го очекува своето прво бебе.
Сега таа откри нешто повеќе околу бременоста, дека е во четвртиот месец и е среќна што повторно може да и се врати на својата спортска рутина со вежбите во теретана, иако тоа на почетокот не било воопшто изводливо поради почетнчки труднички симптоми.
View this post on Instagram
-Скоро и до пола бременост…
Тренинзите во оваа недела се значително подобри. Енергијата е вратена скоро до нормала, за разлика од првите 3 месеци каде што спиев кај и да стигнам. Првите месеци значително го променија темпото на мојот живот, од човек што живее 300 на саат и работи нон стоп, до човек што нема желба буквало да излезе од дома. Јас не бев јас, и тоа ми беше многу тешко да го разберам и прифатам, со оглед на тоа што ова е мојата прва бременост, едноставно не знаев што ме чека. Се осетив безкорисно затоа што буквално немав ниту енергија, ниту желба да завршам билокаква работа.
Но, спортист како спортист не може баш туку така да крене раце од се. Вежбањето беше клучниот дел за моето психичко здравје во тој период. Точно е, немав енергија за тренинзите што порано ги правев, и не планирав да го форсирам своето тело сега кога највеќе му требаше енергија за уште едно животче кое тек се формира. Целта ми беше да останам физички активна, па макар и правела вежби со сопствена тежина, што обично беше мојата рутина за загревање пред секој тренинг. Останав доследна до својот збор. Планот беше трипати неделно тренинг проследен со многуууу спиење и нутритивно богата исхрана. Како што влегов во 14-та недела, енергијата како оддеднаш да ми се врати. Полека почнав да додавам тегови, ги зголемив повтрувањата и се фокусирав на правилната форма од секоја вежба. Како што напредував, така ја зголемував килажата со која тренирам, НО СЕКОГАШ ГО СЛУШАМ СВОЕТО ТЕЛО. Целта не ми е да ја зголемувам својата сила и да кревам брутални килажи како што правев кога не бев бремена, туку да ја одржам својата сила и своето психофизичко здравје, открива таа во својата исповед пред следбениците на Инстаграм.
Веруваме дека повеќето трудници не би можеле да замислат да го прават тренингот на Едина, секако со амин од лекар, но таа како што вели водена по говорот на своето тело, смета дека ова е најдоброто за неа и малечкото во стомакот.
Полот на бебето засега Едина се уште не го открива, не барем јавно, како ни тоа кој е таткото на нејзината идна принова, иако…
Погледите на јавноста веднаш вперени кон нејзиниот последен партнер, Александар Димитровски – Мачка, со кого атрактивната Едина на почетокот на годината откри дека е во врска.
Фото: Инстаграм/edina_musa/machka777