На прв поглед од последната објава на Тамара Тодевска, помисливме дека пејачката повторно има проблем со изгубен миленик, ама вистината од описот на фотографијата која се најде на нејзиниот Инстаграм „стори“, за среќа беше нешто сосема поинаква.
Имено, Тамара и нејзините наследници Хана и Дарен веќе неколку неколку години го имаат слаткиот Тоби, бело кученце од расата бишон кое периодов е во репродуктивна фаза, па тестостеронот му е плафон.

Веројатно лаењето и беснеењето по дома, а исто и надвор, кај Тоби сега е изразено, па сопственичката реши да му најде женска преку социјалните мрежи.
-Драги наши Инста пријатели. Нашиот лепотан Тоби има веќе две ипол години, но се уште не сме му нашле женска. Доколку има некоја слободна бишонка за „давање“ ве молам јавете се во дм. Благодарам- стои во пораката на Тамара.

Ваков сладок и неодолив фраер веројатно лесно ќе ја најде женската за озбилно, а газдарицата брзо ќе се посвати покрај ваков лепотан, бирајќи таква од неговата раса.

За тоа да биде побрзо се заангажираа и момчето на Тамара, а и сестрата Тијана Дапчевиќ кои го споделија истото пред Инстаграм заедницата.
Со среќа на малиот!
фото: Instagram printscreen/tamaratodevska




