Радио Милева дојде на редот

Водителката Сања Савеска опасно се изнервира: „ За вакви патологија лек нема…“ (фото)

Водителката Сања Савеска опасно се изнервира: „ За вакви патологија лек нема…“ (фото)

Измислени реклами за козметика, апчиња за слабеење, лажни интервјуа… сајбер измамата демне во секој ќош, а мета на се’ ова како главен консумет е народот.

А за да се допре до што поширока маса, тоа измамниците го прават преку злоупотреба на ликот на познатите.

Веќе ретко која позната личност остана (не)злоупотребена, а сега на редот дојде и ТВ водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“, Сања Савеска или барем беше мета за таков обид.

Иако можеби ви е незамисливо да биде налутена, намрштена и опасно изнервирана, на Сања и се случи токму ова, па реагираше за тоа што некој лажен профил на Инстаграм сакаше да направи атак, за што таа бурно реагираше.

-За вакви патологија лек нема… освен Блок!!! – реагира Савеска, а ги праша и следбениците што мислат за ваквите ликови кои се занимаваат со разно разни виртуелни измами.

За она што очигледно видно ја изиритира, Сања веројатно ги доби сугестиите за справување во приватна порака, па за следен пат полабаво да се носи со злото на денешното лажно време на интернет.

фото:Instagram printscreen/sanja_saveska

To top