Радио Милева нервозата ја надвладеа

Во „Ѕвездите на Гранд“ на младата кумановка жирито и забележа како да беше отсатна на сцената: Љубовните јадови, гладта или тремата и ја „одземаа енергијата“ на Ана Марија Илиевска? (ВИДЕО)

Во „Ѕвездите на Гранд“ на младата кумановка жирито и забележа како да беше отсатна на сцената: Љубовните јадови, гладта или тремата и ја „одземаа енергијата“ на Ана Марија Илиевска? (ВИДЕО)

Ана Марија Илиевска уште со првата своја појава внесе необична енергија на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, ама сега, во третиот круг  иако блескаше, и се забележа дека малку како да беше отсатна… Како да ја  нема.

Во интервју за Гранд, натпреварувачката го потврди она што членот на жирито Ѓорѓе Давид и самиот го забележа во шоуто, а тоа е дека Ана Марија изгледа е заљубена.

„Не дека не сум“ – потврди низ назсмевка младата кумановка.  „Морам да признаам дека е така. Веројатно тоа ми одзеде дел од енергијата, а можеби и фактот што не јадев цел ден. Малку проработеа и тремата и нервозата и толку“ – призна натпреварувачката.

Ана Марија отвори душа и призна дека кај неа проработиле  пеперуткитете во стомакот.

„Не е потребно многу за некој да ме освои.Јас паѓам на емоции“ – призна Ана Марија. Кандидатката објасни и зошто сè не одело баш течно за време на нејзиниот настап, а тоа нешто повторно е поврзано со нејзиниот емотивен живот.

„Можеби не ја пренесувам најдобро енергијата. Можеби не сум најсреќна во љубовта во моментов. Можно е тоа да беше одлучувачки фактор“ – додаде таа. Ана Марија се осврна и на критиките кои ги добила од членовите на жирито, кои внимателно ги слушала.

„Го почитувам тоа што го кажаа и мислам дека се целосно во право. Не го покажав она што го знам и не го донесов својот потенцијал 100%-но, но ќе дадам се’ од себе да се поправам“ – објасни Ана Марија.

Натпреварувачката од тимот Цеце Ражнатовиќ призна дека при подготовката на овој настап користела модерни технологии.

„За жал, не можев да бидам присутна со менторот на пробите, па сето тоа го направивме онлајн. Инсистирав да биде така како што вели таа, но на крајот нервозата ме надвладеа. Имав мала трема и нервоза и во првата и во втората песна. Некако бев енергетски исцрпена и не можев да го дадам максимумот од себе“ – изјавила натпреварувачката и сфатила дека можеби тоа е поради љубовни проблеми. Таа објасни дека ќе се обиде да биде многу подобра и поуспешна од пред неколку сезони кога за прв пат зачекори на големата сцена на Гранд.

„Тогаш немав искуство, бев тотален аматер. Ниту сега не сум нешто многу поискусна, ама сепак сум поопуштена. Подобра сум од тогаш, но нервозата се’ уште постои, а овојпат ми недостигаше и енергија“ – заклучила младата кумановка.

Фото и видео: Јутјуб/Zvezde Granda – Cela Emisija 23 – ZG 2024/25 – 29.03.2025

To top