Со концерт на солистите Линда Хедлунд, виолинистка од Финска, и Антонио Ди Кристофано, пијанист од Италија, во придружба на битолскиот камерен оркестар, вечер почнува ново издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.
На вечерашниот концерт што ќе се одржи на големата театарска сцена „Благој Стефановски“ ќе бидат изведени дела од Бах, Леклер и Шопен, највија организаторите на „Интерфест“.
-Во Битола до 11 октомври ќе настапат уметници од Шпанија, Иран, Италија, Финска, Србија, Босна и Херцеговина, Швајцарија, Франција, Македонија и Австрија – која ќе биде претставена од виенските симфониски виртуози Клаудија Кефер Гиндлхумер-обоа, Рудолф Гиндлхумер-флејта и Карл Ајхингер-пијано, изјави за МИА,ж Милица Шперовиќ-Рибарски, уметнички директор на „Интерфест“.
За време на фестивалот, гостинот Бертран Жиро ќе одржи мастер клас по пијано.