Радио Милева распеан, среќен татко...

Влатко Лозаноски – Лозано во тајност доби син, а сега за прв пат се одлучи да го покаже пред јавноста (ВИДЕО)

Влатко Лозаноски – Лозано во тајност доби син, а сега за прв пат се одлучи да го покаже пред јавноста (ВИДЕО)

.Лозано на 18. октомври минатата година стана татко, а на свет дојде Марко откако се породи неговата партнерка која неа и раѓањето на бебето пејачот ги чуваше во тајност.

За раѓањето на бебето се дозна од медиумите, бидејќи Лозано е познат по тоа што не сака јавно да зборува за приватниот живот и особено за љубовта.

Но, овој пат пејачот имаше убав повод кој одлучи да го искористи и да го покаже наследникот за прв пат пред фановите како го држи во раце.

Имено, Лозано во видео објава каде што го најавува своето гостување на фестивал во Охрид, со гордост го држи малечкиот Марко во прегратка. Потег со кој дефинитивно  предизвика голема возбуда и позитивни реакции кај многумина во јавноста.

Остана единствено дилемата, која е партнерката, односно мајката на малиот Марко? Дали можеби и таа е некогашна јавна личност, која сега е грижливо посветена мајка?

Фото: Facebook printscreen/instgaram/vlatkolozanoski

To top