Mузичко дуо Владо Броз и Марама, кое веќе подолг период ужива огромна популарност, неодамна ja промовираше својaтa најновa песна со наслов „Топла ракија“. Со заразен ритам весели стихови, оваа песна веднаш ги освои срцата на нивните фанови.
„Ти си моја топла ракија, вечерва ти скроз распали ја, со друштво твое, старо залиј ја, душа твоја, душо напиј ја…“, овие стихови, полни со топлина и носталгија, ја одразуваат суштината на песната, која ги слави дружбата, љубовта и радоста во едноставните животни моменти.
Продукцијата на видеото е доверена на Кристијан од „Шпанец“, кој успеа да ја долови атмосферата на песната преку креативни визуелни елементи и приказни што ја допираат публиката. Видеото е снимано во живописни локации околу Охрид, додавајќи дополнителна магија на целокупниот проект.
Владо Броз и Марама веќе одамна се познати како еден од највеселите музички тандеми, привлекувајќи мноштво фанови со нивните уникатни звуци и текстови.
Со „Топла ракија“, тие уште еднаш покажаа зошто се едни од најпосакуваните.
Како изгледа нивната музичка дружба со “Топла ракија“ проследете во продолжение…