Живот и стил

Вкусно мезе од модар патлиџан

Вкусно мезе од модар патлиџан

Ви предлагаме еден брз рецепт за ручек, но и за мезе од модар патлиџан, кој одлично ќе ја надополни вашата трпеза. Јадењето се подготвува за 40 минути.

Прво се сечкаат кромид, пиперки и домати, а модриот патлиџан и се сече на половина и се вади внатрешноста, која потоа ситно се сечка.

Во меѓувреме се вклучува рерната на 200 степена .

Се пржи исечканиот кромид додека да омекне и зарумени. Потоа се додаваат исечканите пиперки и се пржат заедно со кромидот. Во истата тава се додава меленото месо истото се пржи додека да ја промени бојата.

Се додава внатрешноста од модриот патлиџан, се пропржува, потоа се додаваат доматите. Се промешува се заедно и се додаваат зачини- црн бибер,сол,мешан сув зачин,магдонос и прстофат оригано- по Ваш вкус).

Се полнат издлабените модри патлиџани со филот, се редат во намрсен плех и се печат на 200 с. 20-25 минути.

Ова јадење одлично се сложува со павлака, сирење,пиперка,домати,краставици и се што Вам ќе ви ги задоволи непцата.

фото:Freepik

To top