Македонска актерка и ТВ водителка Весна Петрушевска – Бејби (54) која е активна на социјалните мрежи , овој пат ги збуни или поточно ги шокираше нејзините фанови.
Таа на најновата објава која ја сподели на нејзините профили на фејсбук и Инстаграм испрати емотивен статус за опаката болест за која напиша и наслов: „Почеток“…
„Ракот е патување во кое патуваш сам. Има многу места каде можеш да застанеш и да го земеш лeкот, само треба да сакаш. Некогаш можеш затоа што можеш, некогаш затоа што мораш. Во оваа приказна си сам, како и што се раѓаме сами и умираме сами. Во оваа борба ти станува јасно дека времето е твојот најголем непријател“, напиша Бејби.
View this post on Instagram
Под видео- објавата каде стои текстот Бејби стави и своја фотографија како го шета своето кутре од расата Момеранец со што ги ставу во недоумица, но и мошне ги загрижи своите фанови и следбеници.
„Ти си силна кралица, те сакам“, „Ти си лавица“, „Најсилните борци ги добиваат најтешките битки… ќе победиш“, пишуваше во позитивните коментари под објавата.
Сепак, животот е полн со изненадувања со лесни и тешки моменти кои ни се допаѓале или не, едноставно се случуваат…
фото: Print screen / Instgaram/vesnapetrushevska