Весна Ѓогани гостуваше во „Цеца шоу“ каде одговараше на различни прашања. Жена од публиката праша дали се кае поради изјавата дека Мелина го изневерува сега веќе поранешен Харис Џиновиќ.
Одговорот на Весна беше суров.
– Јас го кажав тоа. Но, тоа е некоја стара драма. Не би се навраќала на тоа – рече таа.
Поубавата половина од групата Ѓогани остана доследна и дека ништо не е лажно, па може да се заклучи дека стои зад нејзината изјава.
Да потсетиме, Весна пред неколку месеци изјави дека и претходно слушнала некои работи за Мелина и нејзините наводни неверства, па дури и размислувала се да му каже на Харис.
– Јас сум во тимот кој навива за Харис Џиновиќ. Многу ми е жал за него бидејќи се што направи Мелина е многу грдо. Тоа го знаеме од порано, од салонот каде што доаѓаше. Беше навистина ужасна, на големо зборуваше за тоа што го прави. На сите им се фалеше што прави, бевме во шок. Беше навистина страшно, го коментирав и со другарките и со Ѓоле. Сакав да му кажам на Харис, но Ѓоле не ми дозволи, ми рече да не се мешам – рекла Весна.
Таа изјави и дали мисли дека разликата во години, можеби, била проблем и во врската меѓу Харис и Мелина:
– Разликата во години не е проблем. Кога сакаш некого, тоа не треба да ти пречи. Треба да растете и созревате заедно со текот на времето – изјавила таа за локалните медиуми.
фото: printscreen/instagram