Свршеникот на пејачката Милица Тодоровиќ, Марио Б., е уапсен вчера во Белград по потерница на Интерпол Загреб за кривично дело измама и фалсификување.
Марио е уапсен во елитното белградско маало, а по изјавата во станицата „29.ноембар“, според домашните медиуми, бил однесен на распит во Вишиот суд.
ПР тимот на популарната пејачка одговори на овој настан со тврдење дека Милица Тодоровиќ нема да коментира на оваа тема, пишува Телеграф.
Да потсетиме, Милица неодамна влезе во емотивна врска со Марио, која често доаѓаше во српската престолнина по неа.
Foto: Paparaco Lov/Youtube/Instagram