Радио Милева свадбена реприза?

(Веренички) прстен осамна на раката на пејачката: Кристина Димитри по втор пат ќе се мажи? (ФОТО)

(Веренички) прстен осамна на раката на пејачката: Кристина Димитри по втор пат ќе се мажи? (ФОТО)

Кристина Димитри откако не додржа, па обзани дека има ново момче, објавите за тоа колку е „длабока нејзинита љубов“ или поточно неговата кон неа, не стивнуваат. И ако до сега нејзините профили на социјалните мрежи беа бомбардирани со фотографии од настапите, фестивалите, спотовите, ТВ гостувањата… откако јавно кажа дека е повторно вљубена, нејзините фото објави се воглавно приватни.

Заеднички сликички со новата „љубов на нејзиниот живот“ на која ликот се’ уште не сака да му го покаже… За да не и ја урочат среќата или се’ додека не се осигура дека конечно „тоа е тоа“, односно тој е ТОЈ… Оној вистинскиот во животот!

Иако го отепа од јавно сликање, освен мал круг луѓе околу неа, јавноста се’ уште не знае ниту како човекотизгледа, ниту како се вика, дали и е врсник, дали е помлад или повозрасен од неа? Според една споделена објава можеме само да претпоставиме која му е возраста?! Зашто, како што и самата Кристина тврди:

“Годините не се важни, важно е да си нечие двојче!“

А кога веќе си, уште поважнo е само едно: Оној што на „гради ти спие“ а веројатно и многу повеќе од тоа, треба да биде совршен маж!

Мускули, вреќи пари и најнови автомобили и не мора да има, барем така тврди Кристина, ама затоа мора да прави се’ за да може да ја извлече твојата насмевка!

„Вистинска љубов? Секако, имав слушнато за тоа пред да те сретнам, но сега го сфаќам нејзиното значење. Вчера, денес и засекогаш, јас сум твоја“ – јавно сподели во една не така дамнешна прилика Кристина.

Ако тоа така, тогаш можеме ли да сметаме дека Кристина Димитри е веќе мажена жена…? По втор пат! Или барем е на добар пат повторно да се омажи, особено што атрактивната тетовка многу извесно дека тоа потајно и го посакува, а јавно, веќе срамежливо и го наговестува?

Како поинаку да се протолкува прстенот (можеби веренички) кој блесна на еден од нејзините прсти?  И тоа над тетоважата која веќе има силна симболика?!

Конечно зошто да не, кога веќе  си со оној кој ти го одзема здивот и за кого тврдиш дека токму тој е љубовта на твојот живот?!

Па, ако Кристина Димитри првиот пат на сопствената свадба и немала можност да запее, можеби микрофонот ќе се најде наскоро  во рацете на невестата, на нејзиното репризно свадбено издание?

Фото: Вистина/Архива и Инстаграм/kristina.dimitry

 

 

 

To top