Водителката на утринската програма на Канал 5 Телевизија, Вера Мештеровиќ прослави роденден.
Вера сега наполни 46 години, а на социјалните мрежи ги сподели искрените желби кои и ги посакале најблиските пријатели и колеги, а меѓу нив сподели и неодолива фотографија на која позира пред тортата со децата.
Водителката е многу приврзана за нејзините деца, Андреј и Јована, кои ги имаше во брак со екс-фудбалерот Игор Кралевски.
Покрај фотографијата ја додаде и мелодијата „Мали круг великих лјуди“, која внимателно ја одбрала.
Меѓу честитките беше и онаа од екипата на утринската на Канал 5 која водителката со задоволство ја сподели на кратката приказна.
„Среќен роденден убава! Цела година биди вака насмеана“ – и посакаа тие.
Секако, не изостана и честитката од нејзиниот пријател од Србија, Ѓорѓе Давид кој е член во жирито на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
„Среќен роденден“ – напиша Ѓорѓе на англиски јазик и сподели нејзина фотографија.
На водителката годините дефинитивно ништо не и можат, а таа изгледа сѐ помладо.
Вера е олицетворение на женственост и елеганција и докажува дека убавината и возраста немаат врска едно со друго.
фото: Printscreen/Instagram/veramesterovic