Радио Милева пена парти...

Вера Мештеровиќ на летни вибрации во Анталија: Чии раце прошетаа по запенетите гради на водителката? (ВИДЕО)

Вера Мештеровиќ на летни вибрации во Анталија: Чии раце прошетаа по запенетите гради на водителката? (ВИДЕО)

„Летото има своја магија, дајте му летните вибрации“ – е мотото под кое годинава Вера Мештеровиќ ужива. Овој пат на морска дестинација, во еден луксузен спа ресорт во Анталија во Турција.

Кога веќе може да бира, водителката на Канал 5 знае како да вибрира… Малку испружена на жешкото сонце во текот на денот за да го потемни тенот, малку на забавно разладување.

Кога сме веќе кај забавата меѓу останатите летни лудории Вера никако не сакала да си скрати од уживањето во пена парти! Зашто ваквата забава има тројна придобивка. Ем разладување на жешкото сонце, ем журкање среде бел ден, ем не знаеш кој ќе ти пријде да те изненади за телото дополнително да ти го запени?!

Вера, изгубена во морето од меурчиња, каде што секое парче пена е мал шепот на радост во срцето неа и буди желба за танцување… И додека пената малку се лепи, малку се лизга по нејзината мазна кожа на рамната снага и бујните нерамнини однапред и одзади, одненадежсе појавил некој што добил желба да ја дозапени.

Во еден момент во кадарот на разиграната, распеана и од горе до долу насапунета ТВ убавица, одненадеж влетуваат две раце за да ја надополнат возбудата.

Оттаму се наметнува загатката: Чии тоа раце прошетаа по запенетите гради на водителката?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Mesterovic (@veramesterovic)

Но, ако го замрзнете кадарот ќе забележите дека сепак во прашање се две нежни женски дланки…

Со оглед дека ова е семеен одмор на водителката, повеќе од јасно е која дама поминува со дланките по градите на мама!

Фото и видео: Инстаграм/veramesterovic

To top