Радио Милева нова етапа

Венчавка во строга тајност: Се ожени познатиот хрватски актер (фото)

Венчавка во строга тајност: Се ожени познатиот хрватски актер (фото)

Актерот Јанко Поповиќ Волариќ се ожени во тајност.

Јанко стапна на „лудиот камен“ со својата долгогодишна партнерка, кантавторката Ловорка Сршен.

Како што пишуваат хрватските медиуми, двојката ја прославила венчавката во интимната атмосфера на кафуле во загрепскиот Горен град, во кругот на најблиските пријатели и семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fidelis Actors (@fidelisactors)

Јанко Поповиќ Волариќ е актер познат по улогите во хрватските филмови и серии. Неговиот љубовен живот беше предмет на медиумски интерес, особено по бракот со Јелена Вељача и врската со српската актерка Тијана Печенчиќ. Овој пат Јанко реши да ја задржи за себе среќата со Ловорка.

Неговиот брак со Јелена Вељач заврши по три години, а врската со Тијана Печенчиќ, која започна на снимањето на серијата „Куд пукло да пукло“, заврши, наводно поради далечината и обврските што ги држеле на релација Белград-Загреб.

– За тоа нема помош. Само времето може да помогне – изјави актерот за „Ин магазин“ по раскинувањето со актерката, на прашањето како лекува скршено срце.

фото:Instagram printscreen/ janko_popovic_volaric

To top