Вељко Ражнатовиќ објави фотографии од наследниците кои со нетрпение чекаат на еден сосема обичен оброк.
Вељко Ражнатовиќ, боксер и син на пејачката Цеца Ражнатовиќ, реши да живее далеку од белградскиот асфалт и да започне семеен живот со сопругата Богдана во Тител.
Вељко често споделува фотографии од своето семејство на социјалната мрежа Инстаграм, а овој пат покажа како изгледа еден сосема обичен ден во нивниот селски дом.
Имено, малите Жељко и Крстан, иако потекнуваат од богато семејство, очигледно сакаат да јадат исто како и сите други деца – виршли и павлака!
Крстан особено се радуваше на ова јадење, па се намачка целиот со павлака, а Вељко ја искористи приликата да ја овековечи оваа глетка.
„Конечно некој објави фотографија од реалниот живот. Доста е деца во фенси изданија “, „Каква среќа е ова“, „Слатки се, Господ да ги чува“, „Тигрите“, „Господ да ви даде здравје и среќа“ – тоа беа само дел од коментарите кои следеа по оваа објава.
фото: printskrin/instagram