Лето брачната двојка Ражнатовиќ не завршува . Како да претчувствувале дека доаѓаат врнежливи денови, паВељко и Богдана одлучиле да одат таму каде што се’ уште трае долго, топло лето.
Имено, парот отпатувал во прекрасната Севиља. Вељко на својот Инстаграм-профил сподели видео на кое нежно ја бакнува сопругата во образот и вратот, додека таа се топи од задоволство.
View this post on Instagram
Парот одлучи да ги посети убавините на Андалузија, а на фотографиите кои Вељко ги сподели на Инстаграм можеме да видиме дека уживале во престојот таму.
Она што ја направи посетата на двојката уште поубава е присуството на уште еден член од семејството. На Вељко и Богдана им се придружи и неговата сестра Анастасија, која инаку живее во Шпанија.
Да потсетиме, Анастасија пред две години се пресели во Севиља поради нејзината љубов, фудбалерот Немања Гудељ, кој неодамна доби дарежлива понуда која би можела значително да влијае на неговата кариера.
Фото: Instagram/print Screen