Мегафон во предвечерието на велигден

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велипеток. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок.

Од Тајната вечера, предавството на Јуда, фаќањето и испрашувањето на Исус кај првосвештеникот Ана, изведувањето на суд пред Синедрионот ( Собранието – Парламентот на Евреите, а истовремено претставувал конечен, Врховен суд, Големиот суд кој решавал за најтешки обвиненија) кај Кајафа, пресудата: „Исус од Назарет, заслужува смртна казна заради хулење“, па се до негоцвото измачување… 

Потоа, следат останатите настани од Велики Петок, сè до распнувањето, смртта и погребението на Господа Исуса Христа.

To top