Радио Милева миризливо - креативна...

Ведрана Ѓорѓевиќ има луд изум, ама за да не остане само на „фикс идеја“ и фали ароматична надградба! (ВИДЕО)

Ведрана Ѓорѓевиќ има луд изум, ама за да не остане само на „фикс идеја“ и фали ароматична надградба! (ВИДЕО)

Креативноста не познава совршен момент! Како што и секоја голема идеја звучи лудо на почеток, нели ?! Токму водени од ова мото една позната банка во Македонија ја започна својата нова креативна кампања. Кој ќе смисли или измисли нешто што досега не е измислено, а не е „перпетум мобиле“, а идејата да биде функционална за да може утре вентуално да биде претворена во стварност и истата реализирана.

Навидум не е лесно, ам пак од друга страна секојдневно не бомбардираат со некои нови „теле топ шоп“ пронајдоци, нови измислици, кои можат, а и не мора да бидат корисни, ама затоа добро се продаваат.

И кога на луѓето ќе им пуштиш „рекламна болва“ ете ти навалица од „генијални идеи“, „маестрални пронајдоци“, „совршени новитети“… Оти еден мал Ајнштајн,  Едисон или Тесла лежи во секој од нас, зарем не?

Меѓу сите „нови генијалци“ и таа, македонската водителка и инфлуенсерка, а во случајов и маркетинг агент, Ведрана Ѓорѓевиќ…

Покрај оние што нудат решение за „зрелоста на лубениците“, „нешушкавото пакување“ на чипсот или „алармот за пешкири“, атрактивната Ведрана со уште поатрактивна идеја… Барем според неа!

Имено сите по дома знаеме дека расфрланите чорапи по подот ги шуткаме, газиме или прескокнуваме… До душа не сите, зашто оние што се фино воспитани да бидат уредни домаќини или оние екстремите од „живата педантерија“ не поднесуваат ваква „куќна мизерија“, па чорапите веднаш си ги пакуваат таму каде што треба, во зависност од нивната претходна или идна употреба. Во кантата за валкани алишта или фиоката од плакарот за перени нешта.

Арно ама, ови останатите на кои „ги боли уво“ за уредноста, па чорапите им се последна грижа во животот, по правило ги оставаат расфрлани по подот.

Еден, два, три… кој знае колку пара, во зависност колку луѓе сте по дома. Ова ги излудува домаќинките, па и некои домаќини, кои за сите останати во домот мораат да изигруваат „собирачи на чорапи“.

Затоа бистрата Ведрана дошла до идеја да измисли нешто што не постои, го нема… Собирач на чорапи!  Или ако сакате правосмукалка за чорапи, ќе ги реши ако не сите, барем половина ваши брачни ппроблеми. Особено ако сте маж… А и жена!

Или што би рекле Ведрана Ѓорѓевиќ има луд изум, кој  за да не остане само на „фикс“ идеја и фали ароматична надградба… Правосмукалка за чорапи – можеби? Ама со миризлив филтер! И тоа со можност да си ја бираш аромата. Овошна, цветна, слатка, цитрусна… За да ти ја неутрализира смрдеата!   Или луксузна варијанта со арома на познатите марки и брендови светски парфеми. Па рекламата би одела отприлика вака:

„Креативноста не чека совршен момент, затоа одберете собирач на чорапи со арома од вашиот омилен парфем… На пример Версаче и од смрдливи нозе, повеќе нема да ви се плаче“!

Ало, банкари дали се слушаме? Жиросметката – позната на редакцијата!

Фото: Инстаграм/halkbank.skopje/vedrana_edrana

 

 

To top