Радио Милева збогување

Васил Зафирчев го испрати татка си во вечноста: „Денес, боли само времето непоминато со него“

Васил Зафирчев го испрати татка си во вечноста: „Денес, боли само времето непоминато со него“

Еден од нашите најпознати млади македонски актери, Васил Зафирчев, вчеравечер (26. Февруари) на својот Инстаграм профил сподели емотивна објава преку која за јавноста обзнани дека го загубил татка си.

Како и сите затечени од најстрашната работа за која никој никогаш не е подготвен, Васил пишува за она што сега го чувствува – најголемата болка од загубата и се’ она заедничко што останало „празно“ поради раздвоеноста што ја имале поради патувањата во професиите.

-Во чест на татко ми, Трајче Зафирчев, кој денес, после кратко и тешко боледување, го испративме на неговото последно патување.

Денес, боли само времето непоминато со него, пропуштените мигови, неслучените прегратки и зборовите кои останале неизговорени во честите животни отсуства, заради мојата и неговата професија поврзана со патувањето.

Сето останато е вечно сегашно време исполнето со бескрајна љубов и најубави спомени, кои засекогаш ќе живеат во моето сеќавање на него, но и во неговото наследство во мене.

До еден ден кога повторно ќе се сретнеме во вечната светлина!

Среќен пат до дома татко мој!- се збогуваше синот.

Редакцијата на Вистина изразува искрено сочувство за загубата!

фото:Instagram printscreen/vasilzafirchev

To top