Музичката ѕвезда Маја Беровиќ, пред почетокот на својата летна турнеја, направи кратка пауза и одлучи топлите денови да ги помине релаксирајќи се, сончајќи се и уживајќи.
Иако не е претерано активна на социјалните мрежи, Маја сега објави неколку фотографии кои го запалија Инстаграм за неколку секунди.
Имено, пејачката објави две фотографии – едната од базенот, а другата додека се сонча, а она што дополнително ги изненади нејзините следбеници е тоа што нафотографиите беше сосема природна, со минимална шминка и во костим за капење што ја истакнуваше нејзината завидна фигура.
Нејзиниот изглед ги остави сите без здив, а коментарите се слеваа со неверојатна брзина.
„Ти си жива дефиниција за убавина!“, „Без ни трошка шминка, изгледаш како милион долари“, „Колку добро изгледаш“, „Брутално“, се само дел од реакциите што ја преплавија објавата.
Да потсетиме, новиот албум со наслов „X“ што пејачката Маја Беровиќ го промовираше минатата година предизвика вистински хаос, а песните се поминаа и повеќе од добро.
Foto: Instagram/mayaberovicofficial