Радио Милева вистинската убавина никогаш не старее

Ужива на зајдисонце: Светлана Црнокрак покажа што значи вистинска женска убавина

Ужива на зајдисонце: Светлана Црнокрак покажа што значи вистинска женска убавина

Светлана Црнокрак, е фаталната манекенка која плени со својата неприконсновата убавина. Нејзината појава е вистински подвиг на времето – женствена, елегантна и со беспрекорен изглед каде и да се појави.

Нејзината убавина не е само надворешна, туку еманира и од нејзиниот мирен став, самодоверба и харизма.

На најновите фотографии кои таа ги сподели пред јавноста на социјалната мрежа Инстaграм каде што е активна, таа не позира за моден едиторијал или некој професионален ангажман. Овој пат со слободен дух и без претерана формалност го улови моментот додека уживаше на море.

Деталите кои ги носеше беа внимателно одбрани и совршено усогласени – очила за сонце што дадоа нежен шмек, бела кошула која го нагласуваше нејзиниот природен  сјај и марама на главата во лагодни летни бои, кои го надополнуваа нејзиниот безвременски стил.

„Уживајте во зајдисонцето“ –  напиша таа во описот на објавата.

Овие фотографии  кои ги сподели покажуваат дека вистинската убавина не е прашање на трендови или години, туку на хармонија со себе и околината.

Светлана е жив доказ дека вистинската елеганција и сјај се одржуваат со љубов  кон себе и животот.  Во светот каде што времето брзо минува, таа не само што го победува, туку и зрачи со вечна младост и сјај, а со тоа таа ја праќа и најсилната порака што секој треба да ја знае – вистинската убавина никогаш не старее.

Foto: print Screen/Instagram/crnokraksvetlana

To top