Некому професијата никако не му дозволува Нова Година да ја дочека дома, како на пример македонската пејачка Александра Трајческа. Младата, црвенокоса, убава и харизматична прилепчанка како по навика и новогодишните и божиќните празници како лани, така и годинава ги дочека далеку од дома. И тоа не било каде, туку одново на една далечна, егзотична дестинација.

Имено, Александра, заедно со една екипа македонски музичари меѓу кои гитаристот Дамјан Пејчиновски и тапанарот Дино Милосављевиќ пред Нова Година заминаа да свират на оваа островска земја во Индискиот океан, кои многумина ја нарекуваат рај на земјата, што можеби и не е многу далеку од вистината, според она што овие парчиња копно среде океан го нудат и пружаат. 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени – 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси.

Многубројните гости – туристи од целиот свет не само одмор и уживања, туку бараат и добра забава, па нашите музичари како дел од интернационалната музичка екипа се тука да им го понудат и овозможат и тоа задоволство.
Но, ако навечер се свири, дење може да се ужива. Па така решена да го спои корисното со убавото, или ако повеќе сакате, заработката со задоволството, утрото пред Нова Година Александра Трајческа реши да ги почувствува убавините на окенското синило во бистрата проѕирна вода за последен пат воо 2025-тата… И да не чуе злото, навистина можеше за малку да и биде последен… И тоа не само во годината!

Онака опуштена и расположена да се освежи, можеби и се’ уште мамурна, пејачката се упати кон блискиот дрвен док подготвена за капење пред дочек на Новата 2026-та. Фрли еден поглед кон безграничната океанска шир и таман пред да го направи решавачкиот чекор, да скокне во окенските води… Господ и ги отвори очите!
Ја натера да ја крене главата па наместо да гледа долу под неа какви шарени рипчиња има и колку е длабоко , погледна малку подалеку…
А, кога погледот го избистри и фокусираше, Александра имаше што да види! Една ајкула задскрина зад брановите во плиткото, мирно ја чекаше… својата жртва! Среќа, иако можеби пејачката остана сува, ама затоа пак цела, во едно парче, зашто не дај Боже, ајкулата можеше да ја стори парампарче! Предновогодишното капењето можеше да заврши фатално, а вака се’ остана само на еден утрински поздрав: „Добро утро шарки“… Како Александра и ајкулата да се најдобри другарки!
Фото и видео: Фејсбук и Инстаграм/alexcheska





