По сите скандали што деновиве се вртат на социјалните мрежи окповрзани со дел под македонските учесници во регионалното музичко талент шоу, уште една македонска пејачка која се појави на таа сцена, „распали“ по „Ѕвездите на Гранд“!

Македонската фолк пејачка Сандра Милковска со јавна исповед на својот „Фејсбук“ профил буквално предизвика вистинско „цунами“ на домашната, а ја здрма и регионалната сцена.

Објавувајќи видео-колаж од своите настапи во „Ѕвездите на Гранд“, истите ги проследила со жесток и крајно искрен статус, 29 годишната кумановка разоткрива што навистина и се случувало зад сцената на најпознатото регионално музичко шоу.

„Направив неколку исечоци од моите настапи на „Ѕведите на Гранд“. Бидејќи немам прилика да ме викнат во емисијата да кажам мое искуство и свое мислење, за се’ ова ќе се искажам на мојот профил за да ви го доловам моето доживување.
Прво очеквав да биде нешто грандиозно, средно, чисто, организарано… Налетав на кратери пред влез, дупки не дај боже нога да скршиш. Внатре влегуваш, те фаќа паника од топло, седиш под бина со свиткана кичма бидејќи ако се исправиш удираш со главата во конструкцијата што ја држи бината. Столчињата муабет да не правиме, без наслон, без ногарки, скинат тапацир… Од жешкото се препотуваш, шминка ти паѓа, цело време си под стрес од разни луѓе, притисок од сите странси, ЕДНОСТАВНО СЕ ЧУВСТВУВАШ КАКО ЃУБРЕ… Излегуваш на бина поле неколку часовно чекање, рефлекторите ти удиураат воочи, глава, буквално а паднеш во несвест, даваш максимум и ти викаат не знаеш…
Ти иде да се смееш, ама си викаш в себе, остави ги, мора на некој да ги лечат комплексите… Нека живеат така бедни, за подобро и не знаат… Сељак кога ќе се покондури е опасна работа…

Ај сега за жирито… Јас не знам да ја пеам Македонско девојче, ама Ана Бекута не кажа дека на подготовките кога ми беше ментор испи литро Јегер и воопшто не ме спремаше и не се посвети, затоа и не се сети дека сум и била во тим…
Вики Миљковиќ, јакиот вокал, ќе тресне нешто, па едвај останува жива, се фати за мојата маска која таа очигледно не би се осмелила да ја носи. Прво не се разбира од мода, нема стил, второ од музика и пеење нема поим, ама ете и се дало право да коментира…

Сама се откажав во третиот круг бидејќи кога „ѕвездата“ Џенан Лончаревиќ ни стана ментор не сакаше да не спрема… Јас таму ниту отидов да победам, ниту да ме замара некој и да ми кажува како треба и што треба. Отидов за лична реклама, ама не верував дека до толку се влезени во АМЕРИЧКИ ФИЛМ. Јас кога ќе слушам некој дека убаво пее се радувам, ми е мило, а таму само пари ги интересираат и ако може да навредат и да понижат добри вокали, а голите жени и улижувачите што врска немаат се ставени на пиедестал.
Значи со еден збор – ОДВРАТНО!!! ЗА РАЗЛИКА ОД СИТЕ ТАМУ КОИ КАРИЕРАТА ЈА ГРАДАТ СО СПОНЗОРИ, СКАНДАЛИ, ПРЕВАРИ, ЈАС МОЈАТА ЈА ГРАДАМ САМА, ЧЕСНО И ДОСТОИНСТВЕНО И НЕ МОЖЕ НИКОЈ ДА СЕ ПОФАЛИ и да каже ЈАС И ПОМОГНАВ, ПЛАТИВ или ЈА НАПРАВИВ! ФАЛА МНОГУ, ПРИЈАТНО!

И не се каам, се е искуство во животот, дали добро или лошо, човек учи додека е жив. Уживајте во моите изведби бидејќи јас постојам и пеам од срце за публиката“ – споделила македонската учесничка, огорчена од своето искуство во регионалното талент шоу.

Со оваа своја реакција, Милковска ја доотвори „Пандорината кутија“ за „темната страна“ на едно од најпопуларните шоу-програми на Балканот, чиј кредибилитет неколку македонски учесници сериозно го разнишаа, свртувајќи го вниманието на јавноста кон прашањето: „Колку навистина вреди талентот наспроти врските, парите и сенките зад сцената и рефлекторите“?


Се разбира ова е само дел од приказната на едната страна од шоуто, кое има и своја друга страна, која за коментарите на нивна сметка „ѕвездите од жирито“ бараат извинувања и се закануваат со тужби и судски постапки!? Кој колку е во право или криво или целата вистина е некаде на средина, засега останува мистерија!?
Фото: Инстаграм и Фејсбук/sandrakokonikol/Sandra Milkovska





