Пејачите многупати се нашле во непријатни ситуации додека пееле „на тезга“, но она што го доживеа поранешниот учесник на шоуто „Никогаш не е доцна“ Владан Стојиќ Малика ќе ве растрепери од глава до петици. И покрај тоа што настапува повеќе од три децении, сепак детално се сеќава на ситуацијата што го снашла кога пеел на една свадба во Параќин.
Како што раскажал за Гранд, тој само заради чиста среќа останал жив.
„Бевме во Параќин, да пееме на една свадба, а младоженецот дојде да ја земе невестата. како што е редот, најпрвин мораше да го погоди јаболкото со пушка, како што налагаат старите српски обичаи. Околу нас имаше стадо овци, многу луѓе и неколку пушки“ – ја започна приказната за Гранд, а потоа продолжил:
„Сите наоколу беа пијани и кога пукнал пушката, куршумот наместо во јаболко заврпши во еден од сватовите на свадбата. Човекот беше ранет, имаше многу крв, никој повеќе не сакаше да слави. За моја несреќа јас стоев до него, и лесно можеше да бидам погоден. За среќа, тоа не се случи, но за жал човекот до мене настрада“ – раскажал пејачот.
Фото: Јутјуб принскрин/Никогаш не е доцна