Радио Милева се бара чаре

„Убав е“ ја стави Сара Мејс на мака: „Се надевам ќе го решиме проблемот“

„Убав е“ ја стави Сара Мејс на мака: „Се надевам ќе го решиме проблемот“

Сара Мејс пред два дена го објави својот најнов сингл насловен „Убав е“ во пекет соп видео, а според едни што го видоа и слушнаа спотот, Сара како и секогаш е скроз своја, а според други малку „туѓа“ и делумно отстапува од нејзиното.

Нејсе… автентичноста секогаш и била силна страна, така што поделените мислења во случајот и оправдано присутни.

За два дена спотот на видео платформата Јутјуб има речиси 20 илјади прегледи и тоа се поради една причина чие име е „shadow banned video“ што во превод значи дека по пат на пребарување на истото, не може да се најде или стигне до слушателот/гледачот.

Патот за да се дојде до видеото е само преку директен лик поставен на социјалните мрежи.

За проблемот и маката што ја снајде, Сара се огласи на Инстаграм каде вели дека се работи на случајот и изнаоѓање чаре.

-14.700 на shadow banned video!
Фала Ви највеќе! Неверојатни сте
Се молам и се надевам дека во најскоро време ќе го решиме проблемот и видеото и песната ќе бидат достапни за гледање и слушање без да треба светот да го превртите за да стигнете до “Убав е”
A до тогаш, линкот е во био
Ве сакам многу- пишува Сара Мејс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Иако Сара својата работа си ја заврши, сепак технолошките пречки и застанаа на патот, па за „Убав е“ уште малку ќе треба да се потруди за се’ да биде како што треба, а веруваме дека наскоро ќе си ја тргне маката и убавото ќе биде комплетно убаво.

А за и ние да олесниме во истото еве Ви ја „Убав е“:

фото: You Tube printscreen/Sarah Mace

To top