Радио Милева утринско расонување...

Црна мачка на сите им носи малер, а само Ване Марковски го инспирира колешките да ги шокира: „Леле, аман, човеков ќе ме спобудали…“ (ВИДЕО)

Црна мачка на сите им носи малер, а само Ване Марковски го инспирира колешките да ги шокира: „Леле, аман, човеков ќе ме спобудали…“ (ВИДЕО)

Во народот и народните преданија оддамна постои суеверие дека црна мачка носи несреќа. Кога ќе ви го пресече патот, колку и да е слатко, мило и низгледа невино ова суштество, повеќето од нас или бегаат или се тргаат настрана, избегнувајќи ја „блиската средба“ со црната четвороножна крзнена убавица!

Но, не се баш сите ттака суеверни, а меѓу нив секако спаѓа и радио и ТВ водителот Ване Марковски. Познат како голем љубител на домашните миленици, особено на кучињата, Ване покажа дека подеднакво ги сака и мачињата. Па дури и оние уличните, та биле тие и црни како гламја… Како самиот ѓавол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vane Markoski (@vanemarkoski_)

Утринската средба со црната мачка среде улица додека водителот брзаше на Утринската програма на МТВ  докажа дека за некого црната мачка е малер, за некого инспирација. Како за Ване, кого црната мачка го инспирира колешките да ги шокира. И тоа рано посабајле, онака утрински уште нерасонети.

Па така, додека неговата колешка Кристина Талеска Големтеова задлабочена во материјалите за емисијата се подготвува за утринска најава, Ване полека како мачка ќе и се прикраде одзади и шокантно ќе ја изненади… Дишејќи и во врат, демек за да ја расони, а всушност сиротата… ја распамети!

„Леле, аман, човеков ќе ме спобудали .. Господи дај ми сила веќе…“ – гласно вресна Кристина додека потскокна од шанкерското столче на водителскиот пулт, онака целата уплашена, како пред себе  да видела… „црна мачка“!

А всушност имаше само „блиска средба“ со својот колега Ване Маркоски кој никако не сакаше да и напакости… Туку само „да ја расони“!

Фото и видео: Инстаграм/vanemarkoski_

To top