Живот и стил

Цезар салата која ќе ви ја чува витката линија: Ќе бидете сити со часови

Цезар салата која ќе ви ја чува витката линија: Ќе бидете сити со часови

Ќе ви требаат:

250 г пилешки гради
100 г сланина
5 парчиња сечкан двопек
1 глава зелена салата
1 чаша павлака
мајонез по вкус
маслиново масло за пржење
1 домат
едно чешне лук
сок од лимон од најмалку половина лимон со средна големина
сол, бибер, пармезан по вкус

Подготовка:

Исечете го пилешкото на коцки и пржете го во маслиново масло. Потоа додадете ја сланината, ситно сечканиот лук и сечканиот двопек. Одделно, измешајте ја зелената салата со пилешкото, двопекот, сланината и лукот. Додадете ги сечканите домати. Измешајте ја павлаката, мајонезот и сокот од лимон. Прелијте го подготвениот дресинг врз салатата, а потоа наросете со рендан пармезан.

Foto: freepik

Извор: Попара

To top