Цеца Ражнатовиќ важи за една од најпознатите пејачки на денешницата.
Покрај тоа што неуморно пее и подготвува нови песни за своите верни слушатели, таа снима и во „Ѕвездите на Гранд“.
За фамозното натпреварување снимаа неколку дена по ред, а таа денеска особено ги насмеа сите кога се појави.
Во еден момент ја прашаа кого сака да го испрати на Евровизија, а нејзиниот одговор беше Нада Топчагиќ.
Ни останува само да го почекаме одговорот на Нада за да видиме дали пејачката можеби размислувала за тој потег.
Познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ често воодушевува многумина со своите скапи стајлинзи.
Почнувајќи од скапиот накит како часовници, ланчиња и прстени, па се до брендирани чанти.
Сега кога се појави на снимањето на новата епизода на „Ѕвездите на Гранд“, Цеца со себе ја носеше добро познатата чанта Биркин.
Вртоглавата цена на оваа чанта никого не остави рамнодушен.
Чантата што ја носела Цеца вреди речиси 30 илјади евра.
фото: printscreen/instagram/cecaraznatovicthebest