Мегафон На 1-ви март во МКЦ...

Тринаесето издание на фестивалот на свежа, домашна и независна музика „Земјотрес“

Тринаесето издание  на фестивалот на свежа, домашна и независна музика „Земјотрес“

На 1 март, Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде епицентарот на свежата и независна домашна музика – фестивалот „Земјотрес“ се враќа со своето 13-то издание, носејќи енергија, страст и креативност на македонската алтернативна сцена.

Оваа година фестивалот добива посебно значење, бидејќи ќе му биде посветен на починатиот Мирко Попов, еден од неговите организатори и човек кој остави своја трага на алтернативната и ДЈ-ска македонската музичка сцена.

Со импресивна програма од 20 бендови и соло изведувачи, „Земјотрес 13“ ќе ги разнесе ѕидовите на МКЦ со звуци на панк, рок, електроника и експериментална музика. На сцената ќе настапат „Д.Н.О.“, Мартина Пенева, „Ју“, „Светлост“, „Нема лабаво“, Виктор Апо, Елена Васова, „Поетроника“, „Растстеинд“ и многу други, носејќи го автентичниот звук на новата музичка генерација.

Фестивалот ќе трае од 19 часот до раните утрински часови, а билетите во претпродажба чинат 500 денари. Ова не е само настан – ова е емоција, заедништво и продолжување на музичката визија која „Земјотрес“ ја гради повеќе од една деценија.

To top