Живот и стил

Тортиља со грашок и зеленчук – Сочна, посна и вкусна

Тортиља со грашок и зеленчук – Сочна, посна и вкусна

Ви треба:

4 тортиљи
200 г млад грашок
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1 црвен кромид
1 авокадо
2 лажици маслиново масло
сол и црн пипер по вкус
сок од 1 лимон

Подготовка:

Загрејте маслиновото масло во тава и пржете го исечканиот црвен кромид и пиперките.

Додадете го грашокот и пржете уште 5 минути. Изгмечете го авокадото со вилушка и зачинете со сок од лимон, сол и црн пипер. Ставете го зеленчукот со грашокот и кремот од авокадо врз секоја тортиља. Замотајте и сервирајте.

фото: Freepik

Извор: Курир

To top