Живот и стил

Торта од лимон: Кисело-слатка фантазија која им успева на сите, а се топи во уста

Торта од лимон: Кисело-слатка фантазија која им успева на сите, а се топи во уста

Потребно е:

9 јајца
9 лажици шеќер
18 лажици мелени ореви
6 лажици брашно
750 мл млеко
5 лажици шеќер
7 лажици брашно
200 гр маргарин
2 рендани кори од лимон
10 лажици шеќер
10 лажици вода
сок од 2 лимони

Подготовка

Во еден сад измешајте 3 јајца, 3 лажици шеќер, 6 лажици ореви и 2 лажици брашно. Постапката повторете ја уште два пати за да направите 3 кори. Шеќерот и брашното се варат во млеко додека смесата не стане густа, па се остава да се излади. Потоа додадете го изматениот маргарин и ренданата кора од лимон. Посебно сварете 10 лажици шеќер со вода и сок од лимон. Истурете го овој прелив за кора и намачкајте ја целата торта, одозгора и околу работ. Пријатно!

извор:popara.nmk
фото:Freepik

To top