Во соопштението со кое ја информира јавноста дека се разведува, Драгана Мирковиќ изјави дека таа и Тони веќе подолго време живеат одвоено, а како што објавија порталите, речиси една година не се ни под ист покрив.
Тони Бијелиќ се врати и видеото го докажува тоа.
Според информациите, Тони се отселил минатата година и времето го поминува во Хрватска, поточно во Опатија, каде си купил вила.
Драгана престојувала во Виена со децата Марко и Мануела. Сепак, вечерва Тони објави видео на кое се гледа како се враќа во замокот.
Дали дошол да се обиде да ја израмни врската со Драгана или е нешто сосема друго останува зад четири ѕида.
– Со жалење ве информирам дека поднесов барање за развод. Мојот однос со Тони долго време не е како што беше, сето ова време практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив.
И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така бев воспитана, направив се’ за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме.
Меѓутоа, со текот на времето, таа празнина стана поголема и сфатив дека повеќе им нанесувам штета на моите сакани со тоа што насилно останувам во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање крај на нашиот брак.
фото:Instagram printscreen/ tonibijelic/ dragana_mirkovic