Промотер

Todd Haze го промовира неговиот најнов музички проект – „Сенки“ (АУДИО)

Todd Haze го промовира неговиот најнов музички проект – „Сенки“ (АУДИО)

Ненад Тодоровски кој е познат на македонската јавност под псевдонимот Тод Хејз (Todd Haze), под кој работи како музички продуцент и диџеј, а има издадено и повеќе од 20 синглови и ремикси. Има соработувано со Бобан Апостолов (naBBoo), Brass Brothers, Cyrillic, Galoski, Iwayo, Викторија Лоба и многу други.
Хејз (Haze) е неговиот најнов проект во кој се испреплетени повеќе стилови но најмногу доминира етно мелосот.

Синглот „Сенки“ беше претставен на јавноста на 5-ти јули преку македонската издавачка куќа Cafe De Anatolia која во моментов важи за една од најдобрите издавачки куќи позната по комбинацијата на модерна електронска музика со традиционална музика од Балканот и Блискиот Исток.

Основана е во 2017 година од Зоран Илиев (познат под псевдонимот Billy Esteban), неговата ќерка Моника Илиева и синот Никола Илиев. Cafe De Anatolia има добиено 31 награда на видео платформата YouTube – 3 златни плакети за над милион претплатници и 28 сребрени плакети за над 100.000 претпланици.

To top