Популарната пејачка раскажа анегдота од свадба, а потврди и дека се јавиле жени и се обиделе да закажат кардиолошки преглед кај нејзиниот сопруг.
Јелена Томашевиќ го откри најголемиот срам што го доживеала на свадба, гостувајќи во Утринската програма на Радио С со Ајрин и Иван.
– Отидов на свадбата на мојот колега. Го женеше својот син. И го запознав него и неговата девојка Марко и Ивана. По некое време одам на свадба. Ме прашуваат дали можеш да отпееш песна, јас велам: Секако! Излегувам и велам: Марко и Ивана да сте среќни, да живеете долго! А тие: Нее! Не е Ивана! Тоа е новата девојка, Маријаааа!!! Паднав во земја. Никој не ми кажа дека во меѓувреме раскинал со поранешната вереница и се жени со друга девојка.
Инаку, познато е дека сопругот на Јелена, Иван Босиљчиќ, глумеше доктор во серијата „Ургентен центар“ и во тоа име беше заштитно лице на болница. Јелена ја потврди приказната дека жените всушност се јавиле во болница за да закажат кардиолошки преглед кај доктор Иван.
Како изгледаше сето тоа во утринската програма на Радио С, погледнете во продолжение:
View this post on Instagram
Фото: printskrin/instagram/