Првата победничка на реалното шоу „Задруга“, водителката Кристина Кија Коцкар често ги споделува своите интимни моменти со јавноста.
Така беше и неодамна, кога откри детали за кои досега јавно не проговорила.
– Најчудното место каде што имав интимна врска? Не е важно што е мама во публика, ќе гледа и баба… Концерт на „50 Cent“ или „Snoop Dogg“, не ми текнува кој беше, во Белград беше. Во Пионир ми се чини… – рече прво Кија.
– Не беше во тоалетот, не, туку зад трибините. Не сакаш да ме прашаш со кого? Сепак, нема да кажам: „Ајде… Не го познаваш! Поранешно момче – додаде таа во емисијата „Амиџи шоу“.
Кија, да потсетиме, пред неколку месеци отворено проговори за својот поранешен сопруг, фолк пејачот Слоба Радановиќ.
– Не би рекла дека мојот брак беше класичен брак. Верувам дека денес има модерни заедници кои се малку поинакви. Прво, тогаш не го земав презимето на мојот сопруг. Јас не бев ничија сопственост и никогаш не би дозволила тоа да ми се случи – рекла Кија.
фото: twitter/kijakockar /instagram