По 4 распродадени арени, германска, европска и македонска турнеја, повеќе од 30.000 насмеани лица и безброј моменти кои влегуваат во историјата на македонската стенд-ап сцена, време е за следната голема страница!
На 21 ноември 2025 во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје, премиерно ќе биде изведено новото шоу – „На Линија“ со Тино и Атанас.
Овој пат, специјални гости ќе бидат 1Човек и Син на Мајка.
Со претходниот проект „НАТпросечен Македонец“, Тино и Атанас не само што испишаа историја на македонската стенд-ап сцена, туку поставија и рекорд во продажбата на билети.
Она што сега го подготвија е навистина некое сосема ново ниво, а интересот за новото шоу очекуваме да биде уште поголем.

По повод новото шоу главните протагонисти утре, четврток (06.11) ќе одржат прес-конференција за новинарите каде ќе споделат повеќе детали за двата големи настапи во арената, новото шоу и подготовките зад сцената.
„Поука од минатата година е дека билетите се распродаваа екстремно брзо, затоа им препорачуваме на сите што сакаат да бидат дел од ова спектакуларно искуство да бидат брзи при купувањето” – истакнуваат организаторите.
Продажбата на билетите започна на 09.09.2025 во 09:00 ч. ексклузивно на ticketx.com.mk.
Подгответе се за вечер во која ќе се смее цела арена.







