Естрадата и политиката отсекогаш оделе “рака под рака“ заедно. Некогаш скриено, некогаш јавно, на моменти латентно, на моменти транспарентно, во зависност од потребите на едните и другите таа симбиоза е помалку или повеќе експонирана.
Многумина од музичарите и естрадните уметници се блиски до овој или оној политичар, до левицата или десницата, до социјалдемократите, социјалистите, конзервативците, радикалите… кои и да се.
Таа „љубов од интерес“ обично е најизразена пред изборите, во изборните трки и кампањи од различна провиненција… Локални, парламентарни, претседателски, па дури и партиски… За разно-разни прослави и празници, годишнини и јубилеи и да не зборуваме.
Но, не сите естрадни уметници се поистоветуваат со политиката, со некоја од партиските опции, со одредени политички фигури или функционери… Така барем тврдат повеќето, иако ги има и оние, кои не се срамат гордо да ја истакнат својата партиска припадност или барем симпатии кон одреден политичка опција.
Скопската пејачка со белградска адреса на живеење, нашата позната и популарна „естрадна исленичка на неодредено време“, Тијана Дапчевиќ иако со години живее во српската престолнина, неизмерно си ја сака својата татковина.
Но, дали подраго и е нејзиното исконско или „новопеченото“ уставно име на државата, дали припаѓа на некоја политичка опција, дали и е подрага оваа или онаа политичка партија, самата открива во интервјуто за најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“.
Дали „Северна“ или има само една Македонија, симпатии кон СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или некоја трета партија… погледнете што ќе ви каже Тијана:
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/tijana.dapcevic