Радио Милева снаа и свекрва

„Тешко ми е да замислам како би било…“: Сека Алексиќ ја откри врската со мајката на Вељко (фото)

„Тешко ми е да замислам како би било…“: Сека Алексиќ ја откри врската со мајката на Вељко (фото)

Пејачката Сека Алексиќ долги години е во хармоничен брак со сопругот Вељко Пиљикиќ, со кој има два сина – Јован и Јаков.

Сека никогаш не криела дека би сакала уште деца, и дека семејството и е многу важно и дека се заедно, а во една прилика ја откри врската со мајката на Вељко.

Виолета и Миодраг живеат во Неготин, а Сека и Вељко често ги посетуваат на празници, но и секогаш кога имаат слободно време.

– Ја викам мама, макице, мајка… што и да е – рекла пејачката во една прилика и изјавила дека свекрвата на Сека Алексиќ била жена од која имала многу да научи и дека многу се почитуваат. Нивната врска станала уште поблиска кога се родиле Јаков и Јован, бидејќи Виолета сака да помага со внуците.

 Со мајката на Вељко сме како пријатели. Ние размислуваме многу слично и споделуваме исти вредности. Нашата врска е полна со почит и љубов, па тешко ми е да замислам како би било инаку. Мислам дека е стереотип дека снаите и свекрвите не се согласуваат – истакнала Сека во една прилика, пишува „Стори“.

фото: printskrin/instgaram/seka aleksic

To top