Радио Милева ѓорѓе давид затечен

„Тешко ќе го преживеам ова“: Еден од Македонците испадна од „Ѕвездите на Гранд“, остануваат тројца во трка (видео)

„Тешко ќе го преживеам ова“: Еден од Македонците испадна од „Ѕвездите на Гранд“, остануваат тројца во трка (видео)

Полека, но сигурно се наближува 8-ми јуни кога ќе се случи финалето на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Атмосферата станува се понапната и понеизвесна за учесниците кои „кршат прсти“ и гризаат усни после секое пеење и гласање на жирито. Така беше и во најновото издание од 11-от круг во кој пееја двајца Македонци, Андријана Петрушовска и Омар Џаферовски.

Саша Поповиќ измината сабота ги избра четвртфиналистите на „Ѕвездите на Гранд“, а откако дојде до моментот да се фрла паричка, среќата не му беше наколета на Омар Џафероски кој го напушти натпреварувањето, што многу влијаеше на неговиот ментор Ѓорѓе Давид.

Познато е дека Ѓорѓе е исклучително посветен на своите кандидати и дека поминува многу време вежбајќи со нив за да постигне најдобри можни резултати.

Имено, Ѓорѓе Давид сега на својот Инстаграм профил ја објави фотографијата на Омар со изјава која го привлече вниманието кај јавноста.

– Тешко ќе го преживеам губењето на Омар во натпреварувањето. Мислев дека тој е мојот сигурен финалист! Дечко, продолжи, ти си одличен пејач – напиша тој.

Во изминатата емисија на „стаклени нозе“, односно во бараж беше пласирана и Андријана Петрушовска за која според многумина во коментари од гледачите, жирито беше неправеднно, бидејќи таа имаше три фантастични изведби.


Сепак, на крај излезе посреќна од Омар, и како и минатата година финалето и се насмевнува, но затоа потоа со нешто повеќе среќа кога фрлањето паричка е во опција.

Токму таа ждрепка му прави маки и на Саша Поповиќ како што беше случајот со Омар.

 

– Овде сум неопределен. Неверојатно! Омар и Дејан, Македонец и Босанец… Вака решив, пошто не можам да ги пуштам и двајцата… Но, ова не можам да го решам, ќе одлучи ждрепката – со тешко срце изјави Поповиќ. , а со сцената, публиката и жирито се збогува Омар Џафероски од Скопје кој важеше стигна до 11-от круг.

Во натпреварувањето сега остануваат тројца македонски кандидати: Мики Секуловски, Андријана Петрушовска и Мелиса Зијадиќ.

Последниот настап на Омар можете да го погледнете од видеото на 45:30 минути.

To top