Пејачката Теодора Џеверовиќ повторно ги воодушеви своите следбеници со провокативно селфи од тренинг. Теодора, која неодамна раскина со кошаркарот Матица Ребек, позираше на фотографијата во теретана, облечена во бел топ и тесни сини шорцеви, додека нејзиниот извајан стомак беше во преден план.
Следбениците ја обсипаа со комплименти, истакнувајќи ѝ дека изгледа подобро од кога било и дека треба да продолжи да тренира, бидејќи зрачи со здравје и негуван изглед.

Да потсетиме дека Теодора неодамна се пофали со уште еден голем успех – купувањето втор стан. Таа сподели фотографии на Инстаграм на кои се гледа како се смее и солзи радосници.
„И го купив вториот стан во мојот живот. Ти благодарам, Боже“, напиша пејачката.
Foto: Instagram/teodoradzehverovic





